Музејот на тетовски крај ги повикува граѓаните да учествуваат на изложба на накит што се носел со народните носии
Граѓаните кои поседуваат накит што се користел со народните носии може да го изложат во рамки на изложбата која ја подготвува Музејот на тетовски крај за крајот на годината. Од Музејот ги повикуваат граѓаните да придонесат со презентирање на накитот со оглед дека во оваа установа постои само мал број на предмети од таков етнолошки материјал.
– Музејот располага со збирка на накит, но нецелосен и недоволен. Затоа ги повикувам граѓаните од тетовско, оние кои имаат накит, а кои сакаат да го отуѓат или накит кој сакаат да го презентираат со враќање назад по изложбата, можат да дојдат во музејот да го депонираат и истиот накит ќе биде евидентиран ќе биде обработен и по перформансот ќе биде вратен. Ги повикувам граѓаните од сите етнички заедници од сите националности да го донесат во музејот и со тоа да ја збогатат изложбата. Оние кои сакаат да го отуѓат трајно може да добијат и финансиска надокнада, изјави Валентина Гавриловска, кустос-етнолог во Музејот на тетовски крај.
Накитот што се носел со народната носија е од монистра, златен или сребрен накит. Луѓето и сега го носат како семејно наследство, а претставува и етнолошко богатство, потенцира Гавриловска.
-Накитот претставува етнографски белег и идентификациски код на посебност и автентичност. Накитот е како симбол и израз на статус и економска моќ. Накитот како средство за покажување на елеганција, моќ и економски статус отсекогаш се носел и истиот ја зборува приказна за семејната, традиција, националната традиција и економската моќ на семејствата во Тетовско, вели кустосот Валентина Гавриловска.
Предвидено е изложбата да се одржи кон крајот на ноември или декември.
Ново на Сител
-
Зеленски: Преговарам за мега договор со Трамп
-
Расчистено убиството во Батинци, се трага по едно лице
-
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци