-->
-->
Музејот на криминалистика - сведок за најсвирепите убиства во Македонија
-->
Музејот на криминалистика, единствен од ваков вид во Македонија, кој се наоѓа во Центарот за обука на МВР во Идризово, има илјадници експонати од извршени злосторства во текот на изминатите години. Најголем дел од нив потекнуваат од 60-тите и 70-тите години на минатиот век.
-Имавме ретка можност да го посетиме Музејот, кој е од полуотворен карактер и може да се посети само со организирана група и со дозвола од Министерството за внатрешни работи. Во витрини, распоредени во три простории, се изложени човечко срце, отсечени полови органи и стапала, човечки скелет, фотографии од луѓе со отсечени глави и искасапено женско тело и предмети со кои се извршени најморничавите и најбизарните убиства во Македонија, пишува Телеграф.мк во сторијата која ја објави.
Во стаклените витрини се изложени срцето на убиен полициски службеник, отсечената вагина на некоја несреќна девојка, отсечениот пенис пронајден во Градскиот парк во Скопје, потоа скелетот на Витомир Лазаревски од Долна Бањица кого го искасапиле неговите сопруга и мајка, стапалата и дланката на младата Босанка што ја убил газдата на кафеаната во која работела во Тетовско…
ФОТО: Радован Вујовиќ (Телеграф.мк)
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Цела недела се трага по исчезнато лице
-
Уапсен Миле Кекин, поранешен фронтмен на групата „Хладно пиво“
-
ОН: Царините на Трамп се погубни за земјите во развој
-
Вчера казнети 707 возачи, 218 за брзо возење
-
Таткото на Вања: Бев зависник од хероин, но не сум употребувал шприцеви
-
Приведен 21-годишен крадец од дојранско
-
Алијансата за Албанците го исклучи Мухсин Арифи од партијата
-
Скајтракс го рангираше Меѓународниот Аеродром Скопје меѓу првите десет во Источна Европа