-->
-->
Мустафов со евро-гол обезбеди победа за Силекс
-->
Екипата на Силекс направи огромен скок на табелата во домашното фудбалско првенство откако забележа победа од 1-0 на гостувањето кај Ренова во Тетово.
Кратовци беа подобар противник и победија со евроголот на Мустафов што е негов дебитантски гол во дресот на Силекс во кој дојде како засилување на полусезоната.
Силекс претходно имаше шанса да го отвори резултатот од пенал но Велии го одбрани ударот на Костовски. Во 28. минута Силекс постигна гол кој беше поништен поради офсајд од помошниот судија Младеновски.
Со овие три бода Силекс се искачи на третото место со бод помалку од Шкендија која славеше во Струмица против А.Пандев со 2-1.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

20 години архипастирска служба на владиката Иларион
-

Во Прилеп има само 26 легални такси возила, над 150 се диви таксисти – донесена нова одлука за регулација на дејноста
-

Туристичките водичи да ги прошируваат понудите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски - коалиција „Сите за правично судење“
-

Утре Брвеница бира нов градоначалник
-

Македонската Народна банка ги следи ризиците откако српската „АЛТА банка“ остана без дозвола за работа
-

Три случаи на морбили во Македонија - опасност од ширење на локално ниво
