-->
-->
Мустафа Туна е новиот градоначалник на Анкара
-->

По оставката на поранешниот градоначалник на главниот турски град Анкара, Мелих Ѓокчек, за нов градоначалник е избран Мустафа Туна.
Toj е избран со 104 гласови по пат на тајно гласање, додека 29 од ливчињата за гласање биле празни како и 3 неважечки гласови.
Мустафа Туна е роден 1957 година во Сивас. Своето високо образование го завршил во Истанбулскиот технички универзитет, додека пак магистрирал на државниот универзитет Луизијана во САД. На парламентарните избори во 2002 година беше избран за пратеник во Народното собрание на Турција, додека пак во периодот од 2009-2014 година беше градоначалник на анкарската општина Синџан.
Градоначалниците на некои од најголемите турски градови, како Истанбул, Анкара и Бурса, поднесоа оставки во изминатиот месец, откако Ердоган најави „подмладување“ на партијата.
Од околу 1.400 општини и окрузи во Турција, 800 се предводени од функционери избрани од редовите на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП)
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Анализа: Какво сценарио следува ако повторно се одложи гласањето на извештајот за напредокот на Македонија?
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Обвинителството бара доживотен затвор за убиствата на Вања и Панче
-
Васил Јованов кој ја прегази Фросина повторно пред суд, овој пат за трговија со дрога
-
Партиските полицајци под лупа на внатрешната контрола
-
Мицкоски: Османи закова шајки во македонскиот идентитет, но не се откажуваме
-
Македонија и Унгарија со засилена воена соработка
-
Дали ДПА е на чекор до влез во Владата? Премиерот не потврдува