Мустафа: Не ни помислуваме на оставка
Косовскиот премиер Иса Мустафа изјави дека не дошле на власт за да крадат и уриваат и не ни помислуваат да дадат оставка, предавајќи се пред оние кои излегуваат на улица.
- Наша цел не е да ги палиме институциите на Косово. Не може два договара да бидат причина да применуваш сила врз инситуциите. Ние не дојдовме на власт да крадеме, туку да ја развиваме земјата и не ни помислуваме да дадеме оставка, изјави Мустафа во Вучитрн на одбележувањето на дваесет и шест годишнината од фрмирањето на огранокот на Демократскиот сојуз на Косово за ова општина.
Мустафа ја спомна и Асоцијацијата на српски општини и демаркацијата на границата со Црна Гора, оценувајќи дека тие не се причина да применува сила врз инснитуциите на Косово.
За демаркацијата на границата со Црна Гора тој додал дека доколку има некоја грешка тоа ќе се коригира, но од страна на експерти а не од улица.
Ново на Сител
-
Петмина убиени во куќа во Сиетл, осомничено 15-годишно момче
-
Министерот Мисајловски на меѓународен саем за одбрана во Турција
-
Влатко Стефановски сними нов албум во култното Abbey Road Studios во Лондон
-
Министерот Николоски на Форум во Солун за иднината на транспортот и инфраструктурата во Југоисточна Европа
-
Хезболах ја гаѓаше базата на израелската разузнавачка служба кај Тел Авив
-
Ветеринарна комора повикува на смиреност, ИЈЗ со препоракиза заштита по појавата на птичји грип
-
Состојба на патиштата
-
Студено утро, преку ден сончево