Мустафа ги отфрли медиумските наводи за вонредни избори на Косово
Косовскиот премиер Иса Мустфа денеска ги отфрли медиумските наводи дека на почетокот на следниот месец Приштина ќе распише предвремени избори изјавувајќи дека не е донесена одлука за распад на коалицијата меѓу Демократската лига на Косово (ЛДК) и Демократската партија на Косово (ПДК) пренесува приштинскиот весник „Коха“.
Приштинските медиуми денеска објавија дека вонредните парламентарни избори на Косово најверојатно ќе може да се оддржат во јуни, без разлика на тоа дали собранието ќе ја ратификува спогодбата за демаркација со Црна Гора.
Повикувајќи се на добро информирани извори телевизијата „Клан Косова“ наведува дека се очекува лидерите на ДПК, Кадри Веселји, и на ЛДК, Иса Мустафа, на 25 април да го завршат коалицискиот договор, еден ден откако собранието ќе гласа за спогодбата за демаркација.
Како што наведуваат овие извори, исходот од гласањето во собранието нема да биде одлучувачко за судбината на владеачката коалиција и изборите ќе бидат оддржани без разлика на тоа.
Според ова сценарио, изборите би можеле да бидат оддржани било кога до 4 јуни.
Пратеникот на ДПК, Елми Речица, вели дека на Косово може да се оддржат вонредни парламентарни избори доколку собранието не ја ратификува спогодбата за демаркација со Црна Гора, пренесе „Телеграфи“.
Тој изјави дека ДПК е подготвена за избори доколку тоа е во интерес на граѓаните на Косово.
Политичкиот аналитичар Рамуш Тахири претходно изјави дека во јавното мнение се создава погрешна перцепција за изборите.
- Ова им одговара на елитите и лидерите за да го задржат вниманието на граѓаните. Не гледам причина за вонредни избори бидејќи се приближуваат редовните избори, а не постојат поделби и несогласувања меѓу коалициските партнери во врска со главните прашања, рече тој.
Приштинските медиуми во изминатите денови пишуваа дека и претставниците на земјите од големата петорка не ја поддржуваат идејата за оддржување вонредни парламентарни избори.
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња