Муслиманите во САД загрижени бидејќи Курбан бајрам е на 11 септември
Американските муслимани се загрижени бидејќи празникот Курбан бајрам годинава најверојатно ќе биде на 11 септември, на 15-годишнината од нападот на Ал Каеда на Светскиот трговски центар во Њујорк и врз Пентагон во Вашингтон.
Американските муслимански лидери предупредуваат дека можно е погрешно да биде протолкувано одбележувањето на Бајрам како славење на нападите во кои загинаа речиси 3.000 луѓе, објави Ал Џезира.
Хабиб Ахмет, претседател на Исламскиот центар на Лонг Ајланд за „Њујорк тајмс“ изјави дека некој лесно би можел „погрешно да го разбере“ одбележувањето на Курбан Бајран, и да каже „видете ги овие муслиманите, тие го слават 11 септември“.
Во Њујорк, каде имам и неговиот асистент неодамна беа убиени во Квинс, идејата дека празникот ќе биде на 11 септември ја зголеми загриженоста за безбедноста.
Ново на Сител
-
Александар Димков, менаџер на Конти: Јасен беше ризикот, некои добија, некои изгубија
-
До крајот на денов сончево со мала до умерена локална облачност, среда и петок дожд
-
Изгоре товарно возило кај Струмица
-
Одбележување на Европскиот ден на органодонорството
-
Без вода корисниците од повеќе улици во Скопје
-
За една година САД потрошиле рекордни 17,9 милијарди долари за воена помош за Израел
-
Загина поранешен фудбалер во поплавите во БиХ, пронајден гушнат со сопругата
-
Леброн и Брони Џејмс за првпат излегоа на теренот во исто време на претсезонски натпревар во НБА