Муслиманите бараат Аја Софија повторно да стане џамија
Повеќе илјади муслимански верници денеска се собраа во Истанбул, пред Аја Софија, барајќи да им се дозволи да се молат во ова здание, кое последните пречеиси осум децении е музеј, пренесоа турските медиуми.
Имамот кој ја оддржа молитвата пред зданието ги повика надлежните да им овозможат молитви во него.
„Скинете ги оковите, отворете ја Аја Софија“, повикуваа верниците, јавија турската агенција Доган.
-Во име на илјадници наши браќа бараме да ни се дозволи да се молиме во џамијата Аја Софија, рече Салих Турхан, претседател ма Здружението на младите од Анадолија.
Црквата Света Софија била изградена во VI век, а во џамија била претворена во 1453 година,. кога Турците го зазеле тогашен Константинопол. Од 1934 година, со нардба на тогашниот турски претседател Кемал Ататурк, ова велелепно здание е пренаменето во музеј.
Ново на Сител
-
Коцевски: Идниот месец обвинение за Кочани
-
Филипче: Владејачката коалиција ќе се распадне
-
Нова градинка во скопски Центар
-
Годинава само половина од планираните површини ќе се посеат под ориз
-
Климатските промени го уништуваат езерото
-
Преглед на вестите од светот
-
Светска банка: Со ваков раст на БДП стандардот на европските граѓани ќе го стигнете за 60 години
-
Илјадници верници во Ватикан чекаат „бел чад“