Муса Џафери: Ќе испитаме дали Талат Џафери може да учествува во раководството на ДУИ
– Членот на Надзорниот совет на ДУИ Муса Џафери најави дека ќе направи внатрепартиски консултации за учеството на претседателот на Собранието Талат Џафери во раководството на партијата. Џафери за ТВ21 изјави дека ќе се испита дали тоа е во согласност со законот и Уставот.
– Во оваа појдовна точка прво ќе се консултираме за учеството на претседателот на Собранието во претседателството, од причина што претседателството е извршен орган и дали е тоа во согласност со законот и Уставот, рече Муса Џафери.
Најавата за преиспитување на учеството на собранискиот спикер во раководството на ДУИ следува по вчерашниот состанок на Централниот совет на партијата, кој Талат Џафери предвреме го напушти откако искажал забелешки за некои кадровски решенија и не биле прифатени неговите предлози за членови во раководните партиски тела. Талат Џафери, според ТВ21, побарал поголема застапеност на гостиварскиот огранок на партијата, на што Муса Џафери му порачал дека „Гостивар го има претседателот на Собранието“.
Ново на Сител
-

30% од вкупниот отпад во Македонија завршува на диви депонии
-

Преглед на вестите од светот
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Тема на денот со Ѓорѓи Илиевски, поранешен инспектор во просветниот инспекторат
-

Одбележан 9 Мај – денот на победата над фашизмот и денот на Европа
-

Путин уверен во победа над Украина - парада без тенкови и ракети
-

Германија најавува откажувања на летови и поскапи авиокарти, кај нас најавени нови линии
