Мурињо притиска за враќање во Интер
Жозе Мурињо има огромна желба повторно да застане на чело на Интер, тврди „Либеро“. Португалецот, кој неодамна беше отпуштен од Манчестер Јунајтед во моментов е без работа, но веќе разгледува различни опции за продолжување на кариерата. На прво место на неговата листа е враќање на „Џузепе Меаца“, каде работи од 2008 до 2010 година и го изведе тимот до три титули во последната сезона на чело.
Според информациите, агентот на Мурињо, Жорже Мендеш веќе имал неколку прелиминарни разговори со директорите на Интер – Џузепе Марота и Пиеро Аусилио, откако споделил за желбата на својот клиент повторно да ги преземе „нероазурите“. Во оваа фаза, сепак, не се реализирани вистински преговори по ова прашање.
Во моментов во Интер планираат да го остават на чело актуелниот тренер Лучано Спалети и покрај неубедливите резултати на тимот во последно време. Шефовите тврдат дека немаат намера да го сменат во оваа фаза и барем до летото тој ќе продолжи да го води тимот.
Сепак на „Џузепе Меаца“ веќе мислат по прашањето за евентуална тренерска промена по крајот на сезоната и Мурињо сигурно е едно од потенцијалните кандидати да застанат на чело на тимот.
Ново на Сител
-
МВР откри терористичка ќелија која организирала напади во Македонија и регионот
-
Политички кризи предизвик за новинарите
-
Интеграциите во НАТО низ призма на новинарите
-
Патот на Македонија кон ЕУ низ призмата на Сител
-
Трагедии, храброст и вистина низ призмата на новинарството
-
Регионалните кризи - посебен новинарски предизвик
-
Новинарството под маски и визири во Ковид кризата
-
Од битка за срце до зумба часови - хуманата страна на новинарството