-->
-->
Мурињо пред драстична казна, ја прекрши суспензијата!
-->

Жозе Мурињо знаеше дека нема да биде лесно паднатиот англиски великан да го врати во самиот врв на Премиерлигата, но не можеше да претпостави со какви тешкоти ќе се соочи уште на почетокот на мандатот.
Дефинитивно, Манчестер Јунајтед е најтешката работа која Жозе Мурињо ја работел во кариерата.
Португалецот дојде на „Олд Трафорд“ да создаде игра која ќе носи резултати, за таа цел го ангажираше Златан Ибрахимовиќ, потоа го направи најскапиот трансфер во историјата на фудбалот ангажирајќи го Пол Погба, потроши еден куп пари за трансферите на дефанзивецот Ерик Баили и Хенрик Мхитаријан, но Јунајтед не делува како тим кој е способен да се бори за премиерлигашкиот врв, напротив „црвените ѓаволи“ не делуваат ниту како екипа која може нешто да направи и во Лига Европа.
Јунајтед нема победа во Премиерлигата уште од 24. септември, што само го зголемува притисокот врз Португалецот кој полека започнува да ги „губи нервите“.
Стара практика на Мурињо е дека кога тимот не му игра добро да му се виновни судиите, евентуално играчите, тој никогаш немал доблест кај себе да ја бара вината.
На последните две средби менаџерот на Манчестер Јунајтед јавно го кометираше судењето. Против Барнли судијата Клатенбург дури и го исклучи од клупата, и тој второто полувреме го следеше од трибините.
Ваквите испади Фудбалската асоцијација на Англија ги казнува со четири натпревари суспензија, но Мурињо може да мине и полошо, бидејќи тој сé уште е под условна казна уште од времето кога беше менаџер на Челзи.
Каква и да биде казната, јасно е дека Португалецот додека таа трае нема да смее да биде присутен на стадионот на кој Манчестер Јунајтед ќе ги игра натпреварите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Казни од 500 до 1.500 евра за младите во Хрватска доколку не се јават на преглед за воен рок
-

Бугарскиот амбасадор повикан во МНР: Пpечекот на Ива Михајлова во Софија е провокација и ги подрива напорите за добрососедство
-

Вонредна ситуација на аеродромот во Нирнберг: Целосно запрен авиосообраќајот, ангажирани и борбени авиони
-

Клековски: Вакцинацијата против сезонски грип треба да почне од 16 до 25 октомври
-

Тошковски и Руф ја потврдија заложбата за продлабочување на македонско-австриската полициска соработка
-

Обвинителството бара притвор за Ива Михаилова
-

Бензините и дизелот остануваат со исти цени, поскапува само мазутот
-

ДЗС: Чекор напред - со меѓународната соработка кон посилни институции и побезбедна иднина и при заштита и спасување при катастрофи
