Мурињо: Не ми треба голман, ми треба Тони Крос
Не е никаква тајна во фудбалскиот свет дека Реал Мадрид очајнички се обидува да го донесе во своите редови голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Хеа. Според информациите кои ги лансираа англиските медиуми Жозе Мурињо нема да се противи на трансферот на Де Хеа, но само доколку Реал во спортивна насока го испрати Тони Крос.
Давид Де Хеа пред една година „со една нога“ беше во Реал, но трансферот пропадна буквално во една минута. Тогаш Реал и Манчестер Јунајтед договорија размена на голманите, Кејлор Навас требаше да заврши на „Олд Трафорд“, но англискиот клуб не ги достави документите навреме и размената пропадна.
Реал во летниот преоден рок повоторно ќе тргне по Де Хеа, откако Навас ја загуби довербата на навивачите.
Жозе Мурињо нема ништо против Де Хеа да замине, но само под еден услов, Реал да го испрати во Англија германскиот репрезентативец Тони Крос. Менаџерот на Јунајтед смета дека Крос би бил идеален партнер во редот за врска, за Пол Погба.
Флорентино Перез најверојатно нема да се согласи на ваква размена, Крос е незманлив на средината од теренот, но новинарските шпекулации говорат дека Реал ќе се обиде да ги понуди Каземиро и Рафаел Варан во замена за Де Хеа.
Ново на Сител
-
30 години информативна редакција на Сител со Васко Ефтов
-
Интервју со Ели Пешева
-
Стартува Новогодишната кошничка - Граѓаните се жалат на високите цени
-
30 години информативна редакција на Сител со Младен Чадиковски
-
30 години информативна редакција на Сител со Анета Додевска
-
30 години информативна редакција на Сител со Емилија Андоновска Пападимитров
-
30 години информативна редакција на Сител
-
30 години информативна редакција на Сител со Драган Антоновски