-->
-->
Мурињо ја забележа 200. победа во Премиер лигата
-->
Португалскиот фудбалски стручњак Жозе Мурињо синоќа прослави јубилеј. Тој го предводеше Тотенхем до триумф над Евертон (1:0) во натпреварот од 33. коло од Премиер лигата. За Мурињо ова беше победа број 200 во елитната англиска лига.
За да го стори тоа, му беа потребни 326 натпревари. Само Алекс Фергусон (322 натпревари) постигна 200 победи во Премиерлигата побрзо од него.
Мурињо се најде на петтото место по бројот на победи во Премиер лигата. Пред него се Фергусон (528), Арсен Венгер (476), Хари Реднап (236) и Дејвид Мојс (207).
За потсетување, Португалецот претходно во Англија беше тренер на Челзи и на Манчестер јунајтед.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ
-

САД ги олесни санкциите против Иран – Израел најави пожестоки напади
-

Влада утре ќе носи мерки
-

Неизвесност со производството на домашна храна во Македонија, како и со нејзината цена
-

СДСМ: Профитира бизнисот на Мицкоски
-

Пронајдено безживотно тело во атарот на Зрновци
-

Недостиг од кадар, пари и доверба - предизвици за обвинителот Савески
-

СЗДМ - сензори за сите лица со дијабет тип 1, вложувања во превенција и рана детекција
