Муриќ: Од утре во 10 часот протестите ги дислоцираме само пред бараките на Град Скопје
Координативното тело донесе одлука протестите од раскрсницата кај Црвен крст и „Мавровка“ да се дислоцираат утре во 10 часот пред бараките на Град Скопје на булевар „Илинденска“ кој што ќе биде блокиран во сите четири ленти, на потег од позади Владата кон Карпош до „Алумина“, информира денеска на прес-конференција Ќемал Муриќ од „Слобода превоз“.
– Имавме координација со кооединативното тело на приватните превозници. После вчерашната прес-конференција во Градот Скопје, еден таков дебакл, една таква срамота и брука што е направена, се повеќе излегуваат на виделина аргументите кој е главниот виновник за состојбава, кој е главниот виновник што граѓаните на Град Скопје ни криви, ни должни мораат да го трпат сето ова, која е главниот виновник што не сме исплатени, кој е главниот виновник за хаосот во сообраќајот? Тоа е директно градската управа, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска. Се повеќе нашиот револт се насочува и се фокусира кон управата на Град Скопје, рече Муриќ.
Тој претпладнево во изјава за медиумите потврди дека остануваат на ставот ниту еден превозник да не се јави на јавниот повик од страна на Град Скопје, посочувајќи дека тоа е само обид за разединување и разбивање на единството на приватните превозници.
Приватните превозници бараат од Град Скопје да се подмири долгот кон двете компании кој во целост изнесува преку 90 милиони денари, затоа што, како што велат, немаат средства за понатамошно функционирање поради недостиг на средства.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Милан Стефановски, аналитичар
-
Предизвици пред седницата на Уставен
-
Чествување - „Денови на Свети Климент Охридски“
-
Новата пречистителна станица во Дојран ќе биде готова до крајот на годината
-
Намалена интенција на младите за иселување, но предизвици има уште многу
-
Потенцијал за био економија има, недостасуват едукација, правна рамка и стратегии
-
Во Македонија се уште е слаб интересот за волонтерство
-
ДУИ постави шатори пред Уставен суд