-->
-->
Мукаетов: Ракометарите изгинаа на терен
-->
Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов упати честитки за ракометарите кои вечерва освоија бод со Исланд и го освоија третото место во групата Б на Светското првенство во Франција.
- Честитки за ракометарите. Тие изгинаа на терен за да ја остварат целта. Репрезентативците покажаа како се бранат боите на Македонија. Следен противник ни е Норвешка на осминафиналниот дуел во Албервил. Со вакво залагање и ваков мотив се е можно, истакна првиот човек на РФМ.
Македонија вечерва одигра 27:27 со Исланд и со две победи, два пораза и еден нерешен резултат се пласира во осминафиналето, каде како трета од Б група ќе вкрсти со Норвешка која е втора во А групата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР