Мухамед Зекири ќе одговара за злоупотреба на функцијата
По спроведена истражна постапка и извршен увид од страна на обвинетиот и неговата одбрана, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт.
Според описот во Обвинителниот акт, обвинетиот се товари дека сторил продолжено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. со ст.3 в.в. со ст.1 в.в. со чл.45 од Кривичниот законик. Обвинетиот како службено лице – Генерален секретар на Владата на РСМ, со умисла извршил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело. Тој, во периодот од месец април 2021 година до месец март 2022 година, искористувајќи ја својата службена положба и овластување постапил спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки и во два наврати, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка во која на конкурентен начин би се одбрало правно лице за спроведување на потребните активности, склучил два договора со две правни лица како даватели на услуги.
Имено, на 04.05.2021 година, обвинетиот, без да спроведе постапка за јавна набавка, со умисла потпомогнат од осомничените хрватски државјани, недостапни на органите на прогон, склучил договор за консултантски услуги со правно лице на износ од 795.000 евра без ДДВ во денарска противвредност. Ова правно лице, во кое еден од осомничените хрватски државјани е соосновач и управител, било основано дваесет дена пред склучувањето на Договорот. По склучениот договор, правното лице склучило Договор за консултантски услуги за постапка на процена на вредноста, како и длабинско снимање на АД Пошта на Северна Македонија Скопје со вториот осомничен хрватски државјанин, за износ од 130.000 евра во денарска противвредност. Во критичниот период, во повеќе наврати од сметката на Владата на РСМ се исплаќани парични средства на сметката на правното лице, со што за правното лице е прибавена значителна противправна имотна корист во вкупен износ од 57.932.100,00 денари, што го претставува износот согласно договорот зголемен за 18% ДДВ, а за кој износ е оштетен Буџетот на РСМ, се наведува во соопштението на ЈО.
Како што велат од обвинителството, вториот – Договор за консултантски услуги е за поддршка во процесот на потенцијална приватизација на Железници на РСМ Транспорт АД Скопје и бил склучен наредниот месец, односно на 23.06.2021 година, со друго правно лице како давател на услуги (консултант). Договорот бил со вкупна вредност во износ од 772.400 евра во денарска противвредност без пресметан ДДВ. На сметка на ова правно лице Владата на РСМ врз основа на издадена фактура првично исплатила аванс од 11.284.162,00 денари за одржување на почетен состанок со правното лице, односно за официјално започнување на проектот, а потоа врз основа на уште четири фактури биле исплатени буџетски средства во износ од 26.247.138,00 денари, за кој износ е оштетен Буџетот на РСМ.
Со опишаните дејствија обвинетиот прибавил противправна имотна корист од значителна вредност за двете правни лица во вкупен износ од 89.385.255,00 денари, за колку и го оштетил Буџетот на РСМ.
Сметајќи дека се уште постојат околностите врз основа на кои на обвинетиот му беше определена мерката куќен притвор, предметниот обвинител на судот му предложи нејзино продолжување, се вели во известувањето од обвинителството.
Ново на Сител
-
Се претставувал како јавен обвинител и барал пари за да ги спаси од притвор - Kривична за маж од Гевгелија
-
Тошковски: Нови моторни возила за дел од едниците на полицијата, ја опремуваме цела македонска полиција
-
Кривичен ја одби жалбата на одбраната на Артан Груби за мерката притвор
-
Украина доби една милијарда долари од Велика Британија и Јапонија како дел од програмата на Светска банка
-
Кривична пријава за сопственик и за правно лице за „даночно затајување“
-
Изгаснат пожарот во Ајфелова кула - Евакуирани над 1200 лица | ВИДЕО
-
Укинати забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци Крива Паланка - ГП „Деве Баир“ и Кратово - Пробиштип
-
Со пренамена на средства до бесплатен автобуски превоз за студенти во 2025 година