Муцунски во Брисел
Во Брисел денеска почнува дводневното заседание на Советот за надворешни работи на ЕУ, a на маргините утре шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцински и високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел ќе го потпишат Договорот за безбедносно и одбранбено партнерство меѓу Македонија и Европската Унија.
Советот денеска ќе заседава на ниво на министри за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, кои се очекува да ги изнесат своите ставови и мислења по предлогот на Борел за прекин на политичкиот дијалог во рамки на Договорот за асоцијација меѓу Израел и Унијата.
Тема ќе биде и војната во Украина со неформална размена на мислења преку видео конференциска врска на европските шефови на дипломатија со украинскиот министер за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха за најновите случување на бојното поле.
Ново на Сител
-
Контејнери како депонии во Скопски Центар
-
Група професори по филозофија се спротиставија на новата концепција за гимназниско образование
-
Јавните претпријатија купуваат струја во последен момент, затоа е најскапа!
-
Преглед на вестите од светот
-
Надлежните најавуваат надминување на состојбата на Онкологија
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Прес конференција на претседателот на СДСМ
-
Проблеми со откупот на оризот