Муцунски на првиот работен ден со инспектори посети дива депонија во Аеродром
Новиот градоначалник на Аеродром Тимчо Муцунски денеска имаше прв работен ден на функцијата и заедно со инспекциските служби за животна средина направи мапирање на дивите депонии во општината.
Како што информира Општина Аеродром, прва локација што беше мониторирана е локацијата кај ФФМ, каде што во програмата е предвиден мегапарк, а во моментов е дива депонија. При инспекцискиот надзор биле затечени неколку камиони од приватни компании што носеле и истурале шут.
-Како што и ветивме во програмата, ние се фаќаме за работа од првиот ден. Денеска бевме во обиколка со инспекциските служби на терен да ги мапираме дивите депонии кои се еден од најгорчливите проблеми за општината. На самото место денеска заедно со инспекциските служби сосема случајно затекнавме два камиона од приватна компанија, кои истураа градежен шут на местото каде што сакаме да креираме парк, изјави градоначалникот Муцунски.
![]()
Нагласи дека инспекциските служби и сите други ќе бидат ослободени од политички или бизнис-притисоци дека од денеска ќе работат, како што рече, согласно со законите и за граѓаните.
-Тие добија насока да ги прекинат ваквите девијантни и противзаконски појави што се случуваат во општината. Од денеска, ве уверувам, Аеродром ќе биде општина со нула корупција и дека во Аеродром ќе владеат законите. Аеродром е општината од која ќе почнат промените на владеењето во Македонија, а местото на градоначалникот и советниците е меѓу граѓаните, рече Муцунски и најави редовни контроли на терен во општината заедно со сите служби.
На местото што го посети посочи дека е предвидено да има парк од 100 000 квадратни метри со забавни содржини.
Ново на Сител
-

Судење за „Пулс“
-

Обдукцијата покажа дека и двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт
-

Обвинителите бараат политичарите да не ги коментираат одлуките на Обвинителството
-

Рокас охрабрен од динамиката на реформите за борба против корупцијата
-

Пропадна предлогот за минималец од 600 евра, функционерските плати ќе останат исти
-

Уставен пресече - пензиите на пензионерите во странство не може да растат како оние на македонските пензионери
-

Од 1 март плаќање онлајн само со двојна верификација
-

„Нет без хејт“
