Македонија
4. November 2017 - 11:50

Му скокнале тројца, го претепале и ограбиле во Жена - парк

Вчера вечер во 21.52 часот во Полициска станица Центар, Д.Д. од с.Могорче-Дебар околу 20.45 часот пријавил разбојништво од страна на три лица во паркот “Жена борец“.

Според пријавата, едно лице му пришло од зад грб, го фатило за рацете, а другите две лица почнале да го удираат и да го претресуваат, по што му одзеле лични документи, пари и часовник и со трчање побегнале. 

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.