Македонија
30. August 2018 - 10:21

Му се слошило и паднал во вода, па починал - трагедија на позната охридска плажа

Трагедија на позната охридска плажа, му се слошило и паднал во вода, прилепчанец почина за време на одмор. Како што иформираат од полицијата, на М.М.(78) од Прилеп, кој бил непосредно до брегот на Охридското Езеро, вчера околу 10:30 часот му се слошило и паднал во водата. Од присутните граѓани бил изваден од водата и му била укажана помош, по што пристигнала екипа од Итна медицинска помош и бил пренесен во Општа болница Охрид, каде била констатирана смрт.

 Извршен е увид.