МТВ: Зошто ВМРО ДПМНЕ не ги заврши работите, па автопатот да биде пуштен во употреба навреме?
Министерството за транспорт и врски остро реагира на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ . Сакаме да потенцираме дека автопатот Демир Капија-Смоквица е завршен целосно и веќе следниот месец ќе биде пуштен во употреба. Министерството за транспорт и врски во рок од два месеци ги заврши сите процедури во врска со одобренијата за градење и со тоа во најкраток рок е изграден контролниот центар, а далноводот е дислоциран за да може сообраќајот да се одвива безбедно.
Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта согласно своите надлежности ќе ги преземат сите активности за да може автопатот да биде пуштен во употреба согласно предвидените рокови.
Ги повикуваме од ВМРО-ДПМНЕ јавно да објаснат зошто навремено не се завршиле административните постапки за одобренијата за градење за изградба на контролниот центар во Неготино и за дислокација на далноводот за да може автопатот да биде пуштен во употреба во рамките на договорените рокови.
Ново на Сител
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o