МТВ се понуди да го организира ТВ дуелот Заев-Мицкоски
Македонската телевизија денеска ги покани на ТВ-дуел претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Според уредникот на Информативната програма на МТВ. Стојан Трпчевски, двајцата лидери би разговараче за прашањата поврзани со актуелната политичко-економска состојба во земјава.
ТВ-дуелот би се реализирал во Македонската телевизија, а терминот би се утврдил во координација со кабинетите на двајцата соговорници во зависност од нивните активности, се наведува од МТВ.
Мицкоски, синоќа, по завршувањето на седницата на партискиот Централен комитет, излезе со барање за ТВ дуел со премиерот Заев, на што веќе утринава Владата, преку портпаролот Миле Бошњаковски, експресно одговори дека дуелот е можен во секое време и на секое место.
Ново на Сител
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис
-
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра
-
Зголемен бројот на работници во индустријата