МТСП: Во тек е етапната исплата на јунските пензии
Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 27.06.2023 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец јуни.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:
-За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.06.2023 година (вторник);
-За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.06.2023 година (среда);
-За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 29.06.2023 година (четврток) и
-За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 30.06.2023 година (петок).
Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 27 јуни (вторник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Епидемија на заразна болест во Гостивар
-

Километарски колони на границата со Грција, топлотниот бран ги натера Македонците спас да бараат на море
-

Утре средба за маржите на храната, РКЕ ќе носи цени на горивата, Собранието ќе гласа кризна состојба
-

Реформската агенда поле за нова партиска пресметка
-

Дојран го очекува шпицот на сезоната, најавена богата културно забавна програма
-

Домашното јунешко месо без купувачи, сточарите пред колапс
-

Охрид полн со туристи
