-->
-->
МТСП: Регистарот на педофили не е избришан
-->
Министерството за труд и социјална политика демантира дека бил избришан јавно достапниот регистар на педофили и посочува дека само имало технички проблеми со отворањето. За ова, посочуваат од МТСП, била информирана компанијата што работи на одржувањето на регистарот, по што проблемот бил отстранет и тој е повторно достапен.

- Во јавноста се појавија шпекулации дека наводно бил избришан јавно достапниот регистар на педофили, за што Министерството за труд и социјална политика информира дека во текот на два дена имаше мали технички проблеми со отворањето на регистарот за лица осудени за педофилија, се вели во денешното соопштение од МТСП.
Оттаму информираат дека Министерството за труд и социјална политика има склучено Договор за одржување на регистарот со компанијата „Бруникс“ од Скопје, каде случајот е пријавен и регистарот за лица осудени за педофилија е повторно достапен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
