МТСП: Работодавците се должни утврдениот бруто-износ за 2023 година да го пресметаат и исплатат со платата за март
Министерството за труд и социјална политика известува дека во однос на Објавата за висината на минималната плата за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 58/23), која беше објавена вчера, согласно Законот за минимална плата, работодавците се должни утврдениот бруто-износ за 2023 година од 29.739,00 денари, да го пресметаат и исплатат со платата за месец март.
-Согласно Законот за работните односи платата за месец март треба да се исплати најдоцна до 15 април 2023 година, посочуваат од МТСП.
Од Министерството потсетуваат дека износот на минималната плата согласно критериумите од методологијата донесена изминатата година, беше усвоен на Економско социјалниот совет одржан на 13 март 2023 година.
-На ниту еден работник со мартовската исплата нема да му биде исплатена плата помала од 20.175 денари, нагласуваат од МТСП.
Ново на Сител
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода
-
Недостигот на вода во делови од Скопје главна тема на седницата на советот
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба