МТСП подготвува нов дом за стари лица во Скопје
Нов дом за стари лица со капацитет од околу 100 лица подготвува државата во Скопје. Министерството за труд и социјална политика започна активности за адаптација на објект за оваа намена што претходно се користел за згрижување деца.
Ова е посочено од страна на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска која присуствува на првиот Совет за стареење во Анкара, а е во насока на подобрување на состојбите со сместувачките капацитети за грижа на стари лица и утврдената потреба за дополнителни сместувачки капацитети.
-Со поддршка на Светска банка изготвена е студија за функционирање на пензионерските домови што даде јасна слика за сегашната состојба на домовите. Оваа студија содржи јасни препораки за подобрување на пензионерските домови. Освен што треба да се подобрат условите за домување, истовремено треба да се воведе систем на управување со домовите, но и надзор и намалување на финасиските трошоци, истакнуваат од МТСП.
Додаваат дека МТСП во соработка со експерти од БиХ започнува пилот програма за подобрување на дневните центри, што се клучни за социјализација и активација на постарото население. Во рамки на оваа програма, се истакнува потребата од подобрување на инфраструктурата во овие објекти и поголема вклученост на локалните самоуправи и други општествени чинители за одржување на центрите, креирање и реализација на успешни програми за повозрасните.
Со новиот предлог Закон за социјална заштита ќе се воведе и нова услуга “помош во домот“ што ќе треба да обезбеди поддршка на старите лица во домашни услови и поддршка за живот во местото на живеење.
-Повозрасните не треба да бидат пасивни, туку активни членови на секое општество и да учествуваат во сите политчки и општествени процеси. Наша задача е да создадеме услови за ова. Повозрасните опфаќаат 12 отсто од нашето население, а според проценките на ОН овој процент ќе достигне 18,8 отсто до 2030 година. За да им овозможиме подобри услови, активно и исполнето секојдневие ги унапредуваме законите, институционалните и алтернативните услуги, а воведовме и социјална пензија, за оние на 65 години, кои го граделе нашето општество, но не стекнале право за пензија и немаат друг извор на приход од кој можат да се издржуваа, истакна Царовска.
Целта на Советот што се одржува во Анкара е да се најде начини за подобрување на квалитетот на активното живеење на постарите лица, бидејќи на светско ниво се зголемува процентот на стари лица.
Ново на Сител
-
Приведен 32-годишен скопјанец, управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода
-
Приведен 23-годишник од Велес кој нападнал девојче и полициски службеници, предложен притвор
-
Божиновска на МЕФ 2025: Современ и иновативен енергетски модел е визијата на Македонија
-
Се работи првите 40 километри од автопатот Кичево-Охрид да бидат пуштени до 10 јули, вели Мицкоски
-
Мицкоски: Тоа што го зборува Софија има можност да го докаже со повлекување на амандманите во ЕП
-
Мицкоски очекува годинава да почне изградбата на брзата пруга која е дел од Коридорот 10
-
Мицкоски најавува многу скоро решение за ублажување на растот на цените на прехранбените производи
-
Средба Славески – Паолучи: Народната банка е важен фактор за стабилноста