-->
-->
МТСП: Пензиите се редовни и продолжуваат да растат, со сет мерки ја стабилизираме дупката од 15 милијарди денари во ПИОМ
-->

Со пензиската реформа на актуелната Влада која стартуваше од почетокот на јануари, обезбедуваме стабилна исплата и континуиран раст на пензиите, без при тоа да се замрзнуваат и да се зголемува старинсата граница за пензионирање. Со Закон воведуваме редовно усогласување на пензиите. Пензиите ќе се усогласуваат два пати во годината и тоа 100% со порастот на трошоците на живот, наместо 50% како што беше претходно. Воведена е и законска одредба со која што ќе има дополнително усогласување на пензиите од 1 април, доколку бруто домашниот производ во претходната година има реален пораст над 4%.
Исто така, оваа Влада во изминатите две години обезбеди стабилна исплата и континуиран раст на пензиите. Доказ за тоа се статистичките параметри коишто покажуваат евидентен раст на пензиите во Македонија. Така, во 2016 година просечната пензија изнесуваше 13.754 денари, во 2017 година 13.954 денари, а во 2018 година 14.421 денари.
Министерство за труд и социјална политика
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Определен 30 дневен притвор за полициските службеници, осомничени во врска со пожарот во Кочани
-
МВР: Забрана за вршење операции со дронови на територија на осум општини
-
Манев: Болката е огромна, ќе играме во спомен на сите погодени од трагедијата
-
Објавен безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од Кочани
-
Црвениот крст на Србија собира парична помош за семејствата на загинатите и повредените во Кочани
-
Таравари го разреши директорот на Кумановската болница
-
Анестезиолог во ВМА: Тешка е здравствена состојба на повредените од Кочани
-
Трошоците за превоз и сместување за семејствата на пациентите повредени во Кочани, кои се лекуваат во странство целосно покриени од Владата