МТСП на оглас бара 30 воспитувачи/ки кои ќе се вклучат во прогрaмата за подобрување на кадарот во градинките
Министерството за труд и социјална политика (МТСП) објави оглас за ангажирање на 30 воспитувачи/ки за колегијална поддршка за подобрување на компетенциите на кадарот во градинките, нова прогарама којашто се спроведува во соработка со УНИЦЕФ, а е поддржана од Британска амбасада. На огласот што ќе трае до 14 декември годинава, може да се јават сите воспитувачи/ки и педагози од детските градинки кои се заинтересирани за унапредување и подобрување на квалитетотот на раното учење и развој во градинките, а ги исполнуваат условите.
-Воспитувачите покрај критериумите пропишани во огласот треба да поседуваат ефективни комуникациски вештини, да сакаат да се усовршуваат и да помогнат за професионалниот развој на други колеги и соработници, да имаат одлични организациски способности и да знаат како да ги мотивираат и инспирираат, велат од Министерството за труд и социјална политика.
Програмата за подобрување на квалитетот на раното учење и развој во установите за згрижување и вопситание на децата се спроведува за прв пат во Македонија. Програмата ќе се пилотира во седум градинки, и ќе бидат обучени 30 воспитувачи за колегијална поддршка.
Главната цел на програмата е дека безбедната околина во која растат и се развиваат децата не подразбира само безбедност на физичкиот простор, туку и емотивно безбедна и сигурна околина која треба да ја обезбедат возрасните кои ги учат и поучуваат малите деца. За креирање на безбедна социјална средина потребни се знаења и вештини кои можат да ги подобрат и инклузивните практики во установите за деца.
-Министерството за труд и социјална политика, освен што ги проширува капацитетите на градинките во Македонија, посветено работи и на јакнење на кадарот којшто се грижи за децата преку подобрување на неговите знаења, бидејќи научно е докажано дека за правилен развој на детето е многу важно раното учење, се вели во соопштението од МТСП.
Ново на Сител
-
Црвен крст и МВР ќе потпишат Меморандум за соработка
-
Украина се повлекува од договорот за забрана на противпешадиски мини
-
Се уште гори на две локации - во Велешко и кај Македонски Брод, пожарот кај Дојран ставен под контрола
-
Пентагон повлекува 2.000 припадници на Националната гарда од Лос Анџелес
-
Почнува изградбата на Ветерниот парк Штип, инвестиција вредна над 500 милиони долари
-
Во ЕУ има двојно повеќе семејства со домашни миленици отколку со деца
-
Трамп: Наскоро ќе бидат испратени царински писма до помалите земји
-
Сончево и многу топло до 39 степени, освежување од петок