МТСП: Мерката „трето дете“ не дава резултати, трошоците на државата растат, а наталитетот опаѓа

Министерството за труд и социјална политика смета дека мерката за додадок за трето дете не ги дава посакуваните резултати во зголемувањето на наталитетот. Според податоците, велат од МТСП, наталитетот во Македонија во 2010 година бил 11,8, а во 2017 година 10,5 проценти.
Оваа мерка, додаваат, имало можност 10 години да се имплементира, но таа очигледно не дава резултати. Заедно со бројот на корисници на мерката, растат и трошоците на државата. И покрај фактот што наталитетот опаѓал, Владата потрошила безмалку 208 милиони евра за исплата на додатокот за трето и четврто дете.
-Сите овие податоци потврдуваат дека мерката за трето дете е неефикасна и лошо дизајнирана од самиот почеток. Така на пример, додаток за трето дете добивале семејства кои се во многу добра економска состојба и немало никакво ограничување во однос на ова па го добивале и семејства кои имаат многу високи приходи. Социјалната реформа која ја изработи актуелното раководство на МТСП воспоставува целосно нов, правичен и ефикасен систем на социјална заштита. Со него, се обезбедува еднакво општество за сите и се насочуваат парите кон оние граѓани на кои им се најпотребни, се посочува во денешното соопштение од МТСП.
Од Министерството реагираат на ставот на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Слаѓана Митовска, која, како што велат, зборувајќи за ефикасноста на додатокот за трето дете, покажала фундаментално неразбирање за системот и самиот термин „демографска мерка“.
-Повикувајќи се на растечкиот број на корисници, пратеничката тврди дека „мерката сама по себе има дадено резултати“, што е целосно погрешен заклучок. Напротив, и покрај зголемениот број корисници мерката не дава никави демографски резултати. Наталитетот во времето на ВМРО-ДПМНЕ драстично опадна и по воведувањето на мерката „трето дете”, се вели во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.
Ново на Сител
-

Телефонски разговор Путин - Ердоган за судирите на Блискиот Исток
-

Природно од Преспа со Златко Левков | Неформално | Sitel Podcast 143
-

Нови израелски напади врз Бејрут, од јужен Либан истрелани седум ракети врз Израел
-

Трамп: Лесно можеме да ја отвориме Ормуската Теснина, да ја земеме нафтата и заработиме богатство
-

Папата Лав XIV го повика израелскиот претседател Херцог да ја заврши војната со Иран
-

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното
-

Flex Group ја лансира Flex Group Leadership Academy – стратешка иницијатива за развој на лидерството во организацијата
-

Туризмот се стабилизира по кризата, но вниманието кај патниците останува
