МТСП ќе ги згрижи најзагрозените чии домови беа оштетени во поплавите
Министерството за труд и социјална политика ќе обезбеди сместување за најзагрозените лица кои денеска треба да го напуштат домот „Томе Стефановски Сениќ“ каде што беа сместени откако нивните домови беа оштетени во ланските поплави. Според информациите на МТСП, во таква положба се само три семејства.
Оттаму потенцираат дека сега тие можат да постапуваат само врз основа на Законот за социјална заштита, бидејќи, како што велат, кон нив постапувале согласно Одлуката на Владата донесена по поплавите, чија важност истекла на 31 март.
- Министерството за труд и социјлана политика во изминатиот период кон лицата кои беа зафатено од поплавите постапуваше согласно со Одлука на Владата на РМ. Имајќи во предвид дека обврските кон овие лица согласно со Одлуката завршија на 31 март МТСП по овој период може да постаува согласно со ингеренциите дефинирани во Законот за социјална заштита, истакнуваат од Министерството за труд и социјална политика.
Потенцираат дека лицата коишто се во социјален ризик и коишто имаат потреба од било каков тип на заштита потребно е да поднесат писмено барање до меснонадлежниот центар за социјална работа по кое стручните служби соодветно ќе постапуваат.
- За лицата коишто во моментов немаат друго место за сместување МТСП ќе се потруди во рамки на своите надлежности да обезбеди сместување на најзагрозените лица во рамки на установите коишто се под ингеренции на МТСП. Врз основа на нашите сознанија во ваква положба се наоѓаат само три семејства, истакнуваат од МТСП.
Ново на Сител
-
Точно ќе се знае за кој проект, колку пари ќе бидат наменети, вели Мицкоски за средствата што ќе им бидат дадени на општините
-
Тошковски: Нова полициска станица во oпштина Бутел, подобри услови за полициските службеници за поквалитетни услуги за граѓаните
-
Замениците министри ќе бидат познати до крајот на неделава, на владина седница утре укинување на економските директори
-
АМСМ: Од денеска до 31 август забрана за движење на тешки товарни возила при екстремно високи температури
-
Таравари: Работиме на решение за компресоприте во хируршките сали
-
УХМР: Утре нестабилно време со пороен дожд, грмежи и град
-
Владата планира разузнавачките служби да функционираат во една агенција
-
Македонскиот амбасадор во Албанија на средба со министерот Муцунски по објавените податоци од пописот