МТСП: Извршена исплата на повеќе права од социјална и детска заштита
Министерството за труд и социјална политика (МТСП) соопшти дека вчера е извршена исплата за месец мај на повеќе права од социјална и детска заштита.
Извршена е исплата на следните права од социјална заштита: цивилна инвалиднина, мобилност и слепило, постојана парична помош, еднократна парична помош, парична помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа, сместување во згрижувачко семејство, парична помош за студирање, парична помош за згрижувач, социјално домување, здравствена заштита, соопшти МТСП.
Исто така, извршена е исплата и на права од детска заштита: детски додаток, еднократна парична помош за новороденче, родителски додаток за трето дете, родителски додаток за четврто дете, единствен родителски додаток како и посебен додаток.
Ново на Сител
-
Мурал од Полска како вечен потсетник за поддршката на македонската ЕУ интеграција
-
Тема на денот со Имер Селмани
-
Фетаи и Алиу со ново крило во ВРЕДИ
-
ВМРО-ДПМНЕ го одби повикот на Филипче за лидерска средба
-
Креативна дипломатија во Виена!?
-
И покрај зголемените казни, пиротехника користена во спортска сала
-
ЕУ со хуманитарна трка за Кочани
-
Да не бидеме пасивни набљудувачи на врсничкото насилство