МТСП доби благодарница од УЈП за успешна соработка за социјалната реформа и раст на плати

Министерството за труд и социјална политика доби благодарница по повод 25 години постоење на Управата за јавни приходи за успешна соработка во изминатите три години. Благодарницата на министерката Мила Царовска и ја врачи директорката на УЈП Сања Лукаревска на синоќешното одбележување на Денот на даночниците во Филхармонија.
“Голема благодарност до вработените во УЈП за посветената соработка во спроведувањето на социјалната реформа и мерките за раст на плати меѓу кои и последното субвенционирање на придонеси за раст на плати коешто почна да се имплементира од неодамна”, рече Царовска.
Благодарници и плакети добија и најуспешните вработени во Управата за јавни приходи и Меѓународниот монетарен фонд.
Прославата беше збогатена со настап на Филхармонијата со популарна филмска музика под диригентската палка на маестро Емин Џијан.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Игор Митревски, инженер за сообраќај
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
