„Мрежа 23+“ : Неопходно е натамошно јакнење на независноста на судството
Неопходно е натамошно јакнење на независноста на судството, вклучително и на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, преку транспарентност во одлуките за именување и унапредување на судии и јавни обвинители, е еден од заклучоците од Извештајот во сенка за поглавјето 23: правосудство, борба против корупција и темелни права, што се однесува на периодот од мај 2016 до јануари 2018 година.
Во извештајот се разгледани правосудството, со посебен осврт кон независноста, непристрасноста, одговорноста, професионалноста, компетентноста и ефикасноста на судиите и судовите, борбата против корупцијата, за што е образложена работата на Државна комисија за спречување на корупцијата, како и конфискација на имот и заштита на укажувачит.
Исто така се разгедани и темелните права, за што е даден посебен акцент на Народниот правобранител, Уставниот суд, тортурата, затворите и притворите, ранливите групи и недискриминација, слободата на собирање и здружување, слободата на изразување и плурализам во медиумите, правото на почитување на приватниот и семејниот живот и комуникациите, правото на слобода и безбедност. Наведени се мерки против расизам и ксенофобија и говор на омраза, криминал од омраза, заштита на малцинствата и културни права, како и заштита на личните податоци.
Велимир Деловски од Хелсиншкиот комитет нагласи дека носењето на Стратегијата е позитивен чекор во насока на наоѓање на одржливи решенија за состојбите во правосудниот сектор.
- Потребно е дефинирање на критериумите за избор на членови на Судски совет и дефинирање на терминот „истакнат правник“, потребни се измени за воведување на механизми за одговорност на членовите на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители и неопходна е поголема финансиска независност на судството, посочи Деловски.
Тој заклучи дека е добра определбата за вклопување на СЈО во рамки на ЈОРМ, со проширена надлежност за гонење на корупција од висок профил.
- За борба против корупција државата мора да ги имплементира препораките на ГРЕКО, со акцент на оние за судството, истакна Деловски.
Тој посочи дека во Извештајот е наведено дека Собранието треба сериозно да го разгледа Годишниот извештај на Народниот правобранител, и да утврди мерки за спроведување на дадените општи препораки.
Временскиот период што е предмет на овој извештај би можел јасно да се подели на три клучни етапи: период пред одржувањето на парламентарните избори, на 11 декември 2016 година, транзитен период по одржувањето на изборите, а пред конституирање на новата влада, на 31 мај 2017 година, како и период од изборот на новата Влада, до крајот на јануари 2018 година.
Извештајот е подготвен и објавен во рамки на проектот „Мрежа 23+“ што го имплементираат Институтот за европска политика Скопје и Хелсиншкиот комитет за човекови права, а достапен е на македонски, албански и англиски јазик.
Ново на Сител
-
Пентагон соопшти дека е убиен еден од лидерите на „Исламска држава“
-
Божиќна порака на Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов
-
Претреси во Тетово и тетовско, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника | ФОТО
-
Анкета на МКД.мк - убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски
-
Заврши санацијата и реконструкцијата на градскиот водовод во Скопје, во следните три часа се очекува нормализирање на состојбата
-
„ЕУ Обсервер“: Одложувањето на проширувањето на ЕУ ја зголемува економската нееднаквост на Балканот
-
Хутер победи на женскиот супервелеслалом во Сент Мориц
-
Возило удрило две жени во Штип