Мразот во Арктикот секоја година се повеќе се топи

Топењето на мразот во и околу Арктичкиот Океан годинава покажува рапидно зголемување и рекордно ниска висина на нивото на мразот, објави НАСА, нарекувајќи го сево ова - „нова нормала“.
- Ледената санта не навестува подобрување на состојбата во иднина. Напротив, таа и понатаму ќе се влошува. Само што, тоа не е така екстремно како во минатото. Денес ние на некој начин се навикнавме на тоа намалување на нивото, тоа е новата „нормала“ - изјави Волт Мејер, експерт за морски ледени површини од НАСА.
До 31 мај, висината на мразот кај Баренцовото и Карското Море беше пропорционално споредлива со онаа измерена во јуни, благодарение на погодните временски услови. Но, намалувањето во август е далеку над просекот за тој период од годината, нагласуваат стручни лица.
- Годинешните состојби најубаво прикажуваат колку се важни летните временски фактори, особено во јуни и јули кога денот над Арктикот трае 24 часа. Ако атмосферските услови се погодни, кружното и постепено топење ќе се одвива нормално, но ако не се, тоа ќе варира - додаде Мејер.
Научниците постојано ги следат состојбите околу Северниот пол и дебелината на големата санта, но вселенската агенција НАСА тоа го прави и од орбитата. Во 2018 ќе биде лансиран сателитот „Елевејшн Сателајт 2“ кој со помош на ласер ќе ја одредува висината на копнените и длабочината на морските површини.
- Имаме добар увид во промените кај Арктичката Ледена Санта, но моментно не знаеме колку е тенка. Нашите сателити не се оспособени да обезбедат прецизни и целосни податоци од таков вид - рече Торстен Маркус, експерт за атмосферски појави.
„Елевејшн Сателајт 2“ би требало да ги обезбеди таквите информации, за дебелината на Сантата, топењето, намалувањето, варирањето...
Ново на Сител
-

Гром предизвика огнена драма над Штип, за среќа пожарот е изгаснат
-

Ѓорѓиевски: Утврден е сериозен недостаток на пожарникари во целата држава
-

Законите што ќе овозможат изградба на дата центри без дебата го поминаа првиот собраниски филтер
-

Алиу – Новиот клинички центар во близина на ГОБ 8-ми Септември најповолно решение
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Ова не се нови бугарски барања, туку истите од 2022 година
-

Пуштена во употреба реновираната спортска сала „Расадник“
-

Пламен и ветер создадоа драма над Штип
