Македонија
19. August 2015 - 17:26
МПЦ го чествува денот на Христовото Преображение
Црквата “Св. Преображение”, која е една од најстарите цркви во Прилеп, денеска беше претесна за да ги прими сите верници кои сакаа да присуствуваат на празничната богослужба, по повод денешниот празник, кој е и “храм” на овој Божји дом. На “Преображение” за прв пат се јаде грозје откако свештеникот ќе го отпее и благослсови што претставува своевидна благодарност кон Бога за дадените плодови на земјата.
Црквата “Св. Преображение”, секоја година на овој ден има домаќини кои во склад со православната вера, за здравје и бериќет, послужуваат посна трпеза, на која сите се добредојдени.
Црквата “Св. Преображение”, меѓу прилепчани е позната и како “Грчка црква” бидејќи гркофонското и влашкото население од Прилеп успеало од Цариградската порта да издејствува ферман за изградба на црквата која претставува трикорабна базилика, со пет куполи, подигната над нивото на земјата, што ја објаснува привилегираната положба на Власите во тоа време. Црквата е изградена во 1871 година.
-

Каролина Дурло
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
