МП: Задолжителна примена на системот за управување со предмети во јавните обвинителства
Министерството за правда информира дека од денеска задолжително ќе се применува системот за управување со предмети во јавните обвинителства
-МП во координација со Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ги презеде сите неопходни активности за обезбедување на целосна и непречена задолжителна примена на системот за управување со предмети во јавните обвинителства почнувајќи од 1 јануари 2023 година, соопшти Министерството за правда.
Системот, појаснуваат оттау, претставува основна алатка во извршувањето на основните задачи на јавните обвинителства со која ќе се обезбеди чување информации, следење и архивирање на предметите како и увид во секој момент во статусот на предметите.
Со него се обезбедува непрекинат проток на податоци а основна цел е унапредување и автоматизирање на процесите во јавните обвинителства, подобрување на протокот на информации преку дигитализација,архивирање и чување на документацијата обезбедувајќи притоа висок степен на безбедност, контрола на пристапот и автоматизирана комуникација. За соодветна примена на системот, организирани беа и обуки на јавните обвинители и на останатите вработени, се вели во информацијата од Министерсвото за правда.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
