-->
-->
Мозокот не ги контролира само нашите мисли и основни физиолошки функции - Погледнете што открија Научниците
-->
Научниците открија како мозокот му помага на телото да се бори со бактериите
Мозокот не ги контролира само нашите мисли и основни физиолошки функции.
Неодамнешна студија покажува дека тој, исто така, го контролира начинот на кој нашето тело одговара на заканата од бактериска инфекција. Мозокот предизвикува зголемено производство на заштитната молекула ПЦТР1, која им помага на белите крвни зрнца да ги убиваат бактериите, објави Сајенс алерт.
Нашите тела се во постојан контакт со бактерии. Во повеќето случаи тие не претставуваат закана, бидејќи ние сме развиле заштитни системи со кои ги контролираме овие организми. Но, во некои случаи, особено кога заштитните системи на телото се ослабени, бактеријата може да нападне и да предизвика инфекција, а во екстремни случаи дури и сепса, која може да доведе до смрт.
За да се најдат нови начини за борба против бактериите и особено поради фактот што тие стануваат резистентни на многу од антибиотиците, научниците се насочија кон централниот нервен систем.
Последното истражување откри дека намалување на ПЦТР1 молекулите ја намалува и способноста на макрофагите да ја убиваат ешерихија коли.
Многу е веројатно дека ќе успееме да му помогнеме на телото, со оптимизирање на концентрацијата на оваа и други заштитни молекули, и така да му помогнеме да се справи со повеќе инфекции, но и да се намали зависноста од антибиотиците.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
75 години Танец
-
Средби и стратегија за пласман пред, а не за време на сезоната бараат земјоделците
-
Водата во Скопје по санацијата е безбедна за користење покажаа испитувањата
-
“Беланоца” криела гранати и ТНТ под земја и во објекти во Арачиново
-
Каде е Груби? Политичките препукувања продолжуваат
-
40 отсто од граѓаните задоволни од Мицкоски, СДСМ вели анкетата е лажна
-
Опозицијата обвинува дека новогодишната кошница нема ефект, власта го тврди спротивното