Можност за воведување авио линија Охрид- Белград
На покана на менаџментот на „AIR SERBIA“, градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески е во работна посета на Белград, Србија.
На работниот состанок со менаџерскиот тим на најголемата авио компанија во Србија, закажан за утре, ќе бидат разгледани можностите за воведување авио линија Охрид- Белград.
Со ова, Локалната самоуправа ја потврдува стратегијата за летови од и кон охридскиот аеродром онака како што се најавуваше изминатите неколку месеци.
Потврда дека се важни проектите од ваков тип е и воспоставувањето на двете редовни авио линии, Охрид- Базел и Охрид- Лондон и обратно кои стартуваа минатата година, а се плод на заложбите на општина Охрид за туристички и локален економски раст и развој на градов.
Искуството покажа дека ново воспоставените авио линии имаат силен импакт во зголемување на бројот на странски туристи во Охрид и развој на локалната економија што претставува и голема придобивка за граѓаните на Охрид.
Ново на Сител
-
АМСМ: Намалена видливост до 30 и 50 метри кај Неготино и Демир Капија
-
Германска министерка се изјасни за забрана на огномети во Германија
-
Прогласена воздушна тревога во Одеса поради закана од ракетен напад
-
Низ патарините лани поминале 62.662.988 возила, ЈПДП со приход од над 66.5 милиони евра
-
Уапсен кичевчанец, пренесувал мигранти од Кина
-
Прва крводарителска акција во 2025 година во Делчево
-
Трамп: САД се катастрофа, „смешка“ во очите на светот
-
Девојче е првото родено бебе во Куманово