Можност за стипендии од Универзитетот Шефилд во Солун

Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ од Солун почна кампања со која нуди можност за стипендирани студии за академската 2016/2017 година на додипломско и постдипломско ниво преку локалната канцеларија на Универзитетот во Скопје.
Во тек е и отворениот конкурс за стипендии за извршните МБА студии „Борис Трајковски” овозможени од Министерството за образование и наука на Република Македонија.
- Континуираната и долгогодишна соработка на Универзитетот со институциите во Република Македонија и основните принципи на работа на Универзитетот Шефилд се клучни мотиви за подготовката на овој тип кампања и отворање можности за што поголем број кандидати да се стекнат со академско искуство преку еден од најдобрите образовни системи во светот. Преку ваквата соработка се реализира и една од главните цели на Универзитетот, интернационализацијата, односно поддршката за развој на регионот, преку соодветна понуда на стипендии за сите заинтересирани кандидати кои би сакале да го надградат своето образование, велат од Универзитетот.
Покрај интернационализација на квалитетното образование, додаваат, Универзитетот Шефилд се залага и за истражувачката работа, поконкретно во Југоисточна Европа, како основа на едукацијата и иновациите, и за индивидуализираната грижа за секој студент.
Универзитетот Шефилд од Велика Британија е рангиран на 80 место во светот, односно на 28 место во Европа, според ранг листата QS. На Меѓународниот факултет, Сити Колеџ во Солун, кој е составен дел од Универзитетот, студентите имаат можност да аплицираат за студиски програми во делот на психологија, компјутерски науки, бизнис, администрација и економија, и англиски јазик.
Ново на Сител
-

Истрага за убиство при семејно насилство во Битола
-

Убедлива победа за македонските ракометари на гостувањето кај Словачка
-

Поранешен директор на ЦИА предупредува дека војната со Иран може да трае со месеци
-

Рубио: Не е променета политиката на САД кон Тајван
-

Хрватска доби заем од ЕУ во вредност од 1,7 милијарди евра наменет за модернизација на одбраната
-

Во Белград уапсен возач осомничен за обид за убиство при пробивање студентска блокада
-

Меѓаши: Ниту едно дете не смее да чека инцидент за да биде заштитено, над 8.000 ученици дел од активности за побезбедни училишта
-

Путин набрзо ќе ја посети Кина
