Можно ли е да се спречи евентуален ценовен шок?
Што се договорија Владата и преработувачите на храна? Вицепрмеиерот Битиќи и претставници на бизнис секторот вечерва имааа состанок, најавено е заедничко соопштение за утре. На состанокот се бараа начини за ублажување на ценовниот шок на кој предупредуваат преработувачите на храна. Според нив, до крајот на годината цените на храната би можеле да пораснат и до 50%. Вицепремиерот Битќи денеска најави дека Владата ќе интервенира доколку биде потребно. А, министерот за економија не ја исклучи можноста од замрзнување на цените.
Експерите пак велат дека е време и Владата и НБРМ да се подготват со симулации и предвидувањата според сценаријата затоа што цените ќе растат над прогнозите. НБРМ да го подогне степенот за следење на потребата од активирање на монетарните алатки ки и стојат на распоагање за одржување ценвна стабилност. Но, со оглед на тоа дека тие негативно би влиаеле на растот, и Владата треба да се подготви со фискални мерки за амортизирање на ударот од новите цени на основните производи.
Според премиерот, најавите за зголемување на цените за 50% се претерани. Растот на цените е глобален проблем, но кај нас инфлацијата е под контрола.
-

Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Сите содржини од овој новинар
