Македонија
18. January 2020 - 16:55

Можна лидерска средба Мицкоски- Заев

Законот за јавно обвинитеслтво повтроно ќе ги седне на маса Заев и Мицкоски. Власта и опозицијата не ја исклучуваат можноста за нова лидерска средба, но потенцираат дека ова ќе се случи само ако работните групи ги доближат ставовите.

Заев вели дека власта е подготвена да го промени и последниот текст на законот доколку опозицијата даде конструктивни предлози. Поддршка очекува и од 8те независни пратеници на ВМРО-ДПМНЕ со кои веќе се водат неформални разговори.

Од ВМРО-ДПМНЕ се уште не откриваат дали последниот предлог законот кој им го достави Министерството за правда за нив е прифатлив. Последниот збор ќе го има правниот тим на партијата, а деталите ќе ги објават следната недела.

Договорот го очекува и спикерот Џафери, кој смета дека има време Законот за јавно обвинителство да го донесе овој собраниски состав пред најавеното распуштање на 11 февруари. По 4 месеци пауза во преговорите помеѓу работните групи, носењето на Законот за јавно обвинителство го актуелизираше еврокомесарот Вархеји, кој побара ова законско решение да се донесе до крајот на февруари.   

Видеа од Македонија