Може ли Солскјер да го „ремонтира“ Јунајтед
СПОРТ
Солскјер подготвува ремонт, си одат Мата, Ерера, Санчез, Де Хеа…
Објавено пред
3 часа
- 4 април, 2019
Од
Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, во летниот преоден рок ќе им дозволи на шестмина фудбалери да го напуштат клубот. Доколку пишувањата на „Скај спортс“ се покажат како точни, тогаш летово од клубот ќе заминат најмногу играчи по летото 2015, кога тогашниот менаџер Луј Ван Гал отпушти петмина играчи.
„Скај спорт“ пишува дека Андер Ерера е блиску до трансфер во ПСЖ. Ерера ќе замине како слободен играч, а во Париз ќе добиле неделна плата од 185.000 евра.
Како слободен играч тимот ќе го напушти и Хуан Мата. Играчот од редот за врска наводно ги започнал преговорите со Барселона.
Од клубот ќе си оди и сè уште актуелниот капитен Антонио Валенсија. За Еквадорецот биле заинтересирани неколку екипи од италијанската Серија А.
Во Италија ќе се врати и Матео Дармијан. Поранешниот италијански репрезентативец последниот меч за Јунајтед го одиграл на 19 јануари против Брајтон.
Маркос Рохо веќе не е во клубот, само треба да објави каде ќе ја продолжи кариерата. Манчестер Јунајтед му дозволил на Рохо да се врати во татковината и да тренира со Естудијантес. Рохо оваа сезона има одиграно само три натпревари за „црвените ѓаволи“.
Солскјер по секоја цена ќе се обиде да го продаде Алексис Санчес, односно ќе се обиде да се ослободи од неговата екстремно висока плата. Чилеанецот дојде како големо засилување, но не успеа да се снајде во новиот клуб. За Јунајтед постигнал само пет гола на 41 натпревар.
Она што е најважно за Солскјер и клубот е да го задржат голманот Давид де Хеа. 28-годишниот голман беше на чекор до продолжување на договорот, но финансиските барања клубот не сака да му ги исполни. Де Хеа барал неделна од 400.000 евра.
Интерес за голманот покажуваа од ПСЖ.
Ново на Сител
-
Реакција на Фрчкоски по прес-конференцијата на Муцунски
-
Рогов: Руските сили го освојуваат Курахов
-
Новата сириска влада ги предупреди граѓаните да не крадат јавен имот
-
Слаб снег провејува на Попова-Шапка и на преминот Пресека
-
Скопјанец нападнат од сопственик на авто сервис во Чаир
-
Охриѓанка измамена за 300.000 денари
-
Почна автобуски превоз од Тетово до Попова Шапка, градоначалникот најави поддршка за ски центарот
-
Опожарено возило во Аеродром, нема повредени