Може ли Димитар Ковачевски да го наследи Заев?
Поранешен директор, стопанственик, актуелен заменик министер за финансии – дали Димитар Ковачевски ќе биде следниот што ќе седне во премиерската фотелја на Илинденска. На вчерашната средба со Гаши, Заев дојде само со својот колега од студентските денови, Ковачевски.
Кочавески е роден 1974 во Куманово, син на порнешниот кумановски градоначалник и амбасадор Слободан Ковачевски. Средно завршил со Минесота, САД. Дипломирал и магистрирал на Економскиот факултет во Скопје, докторирал во Црна Гора. Се усовршувал на Харвард, во Минхен, Ротердам, Барселона.
Освен што е заменик на Бесими, тој е и вонреден професот на Американ колеџ. Претходно беше на менаџерски позиции во Македонски Телеком, па извршен директор на ВИП. Оне. Од 2018 влезе и во бизнисот преку компанијата „Пиксел груп“ која произведува соларни панели.
Дали ќе се кандидира на внатрепартиските избори во СДСМ каде е член на највисокото раководтсво и дали се гледа себеси како иден мандатар? Ковачевски за Сител вели дека вчера учествувал во разговорите со Гаши со цел обезбедување мнозинство кое ќе ја води земјата напред.
„Во овој момент не сметам дека сум најважен јас, туку пред се иднината на земјата. Така размислува СДСМ, државата и граѓаните пред се. Ги почитувам одлуките на органите на партијата и нема да коментирам можности и веројатности се додека СДСМ не распише внатрепартиски избори. Сите треба да имаме политичка и етичка почит кон претседателот Заев и кон одлучните и храбри чекори, кои заедно, сите граѓани, мораме да ги продолжиме на патот кон нашата подобра иднина“, одговори Ковачевски.
Освен неговото име во трката за нов лидер на СДСМ деновиве се вртеа и имињата на Дане Талески, Петре Шилегов, Стефан Богоев, Бојан Маричиќ, Јован Деспотовски, Оливер Спасовски, Љупчо Николовски, Сања Лукаревска, Венко Филипче. Но, кругот се стеснува откако синоќа Лукаревска изјави дека таа не би се кандидирала за лидер на партијата.
-

Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Сите содржини од овој новинар
