Македонија
22. јуни 2021 - 21:18

Може ли да се гаи надеж за пресврт в четврток на самитот на лидери?

Ќе одиме во ЕУ како македонци кои го зборуваат македонскиот јазик порача вицепремиерот Димитров по денешната одлука донесена на Советот за општи работи на ЕУ. Димитров е дециден доколку цената за влез во ЕУ е обезличување тогаш таква ЕУ нема да ни треба порача во Дневикот на Сител. По соопштението од бугарското МНР кое попладнево порача спроведувањето на Договорот да биде во идната рамка за преговори на Скопје со ЕУ, Димитров истакна дека нема да се откажат од изнаоѓање решение но македонските позиции се кристално јасни. 

Oд институтот за европска политика велат дека ова била очекувана одлука и не гледаат оптимистички на следниот период. 

Според Димитров по ова се отвора клучното прашање дали може земјите од Балканот да и веруваат на ЕУ.