-->
-->
Моторџија тешко повреден во судар со автомобил во Кочани
-->
На крстосницата од улиците „Димитар Влахов“ и „Бел Камен“ во Кочани вчера околу 11:40 часот дошло до судир помеѓу патничко возило „Опел Инсигнија“ со италијански национални ознаки, управувано од Р.Ф. (47) од с.Елово, општина Студеничани и мотоцикл „Сузуки“ со бугарски национални ознаки управуван од Н.З. (31) од с.Тркање, кочанско.
Во незгодата, возачот на мотоциклот се здобил со тешки телесни повреди кој по укажаната лекарска помош во Јавната здравствена установа Кочани бил префрлен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица Кочани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бербок: Резултатите од преговорите на Украина и САД би можеле да бидат важна пресвртница за траен мир и безбедност
-
Тепачка помеѓу лекари во операциона сала во Штип
-
Сиљановска Давкова: Ќе ни значи многу договор за соработка со Азербејџан, очекувањата се големи
-
Совет на ЈО: Со вчерашниот оглас на Судски совет не се почитуваат проекциите за 8-та генерации на Академијата за судии и јавни обвинители
-
Поставен камен-темелник на македонско-грчкиот граничен премин „Маркова нога“
-
Разбиени две криминални групи во Грција за измами со гориво на бензински пумпи
-
Вкупно 827 казни за сообраќајни прекршоци во текот на вчерашниот ден
-
Приведен маж од Дебрца, возел со 1,53 промили алкохол во крвта