Македонија
7. September 2019 - 11:18

Мотоциклист тешко повреден на булеварот „ВМРО“ во Скопје

Вчера во 16,00 часот било пријавено дека на булеварот “ВМРО“ З.Б.(47) од Скопје управувајќи мопед “сим“ со скопски регистарски ознаки изгубил контрола и паднал на коловозот, при што се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.