Мото собир во Кавадарци
Мото собир се одржува викендов по втор пат во Кавадарци. Околу две ипол илјади учесници од Македонија и странство се очекуваат во месноста Моклиште близу кавадаречкото село Ваташа. Манифестацијата започна синоќа со учество на два рок бенда. Организатор е кавадаречкиот мото клуб Тиквеш рајдерс.

- Денешната агенда предвидува повеќе активности. Покрај вообичаените игри со награди, планирани се посети на Моклишкиот манастир и новата црква Света Петка во Кавадарци, како и дефиле низ централното градско подрачје во 18 часот, информира претседателот на клубот Драган Петров.
Вечер на програмата е настапот на три рок бенда, од кои еден е грчки.
Петров нагласи дека престојот во камп зоната во Моклиште е бесплатен. Имаат поддршка од неколку локални компании од кавадаречкиот бизнис сектор.
- Да ја вратиме природата во таква состојба како што ја најдовме, е единствената активност во недела, додава Петров.
Ново на Сител
-

Петрова: Условот е европски
-

Тема на денот со Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на Собранието
-

Планот на Мерц пред лидерите на Западен Балкан во Тиват
-

СДСМ: Младите на референдум да одлучат за иднината
-

Гужвите на Богородица продолжуваат - Грција бара нови решенија
-

13 годишник загина возејќи електричен тротинет во Куманово - дали е потребна построга регулатива?
-

Вештачката интелигенција, помош или опасност за младите
-

Владата викендот ќе одлучува дали ќе продолжат мерките за горивата
