Спорт плус
11. September 2015 - 19:06

Мото ГП повторно во Австрија

Светската мотоциклистичка федерација го објави календарот за наредниот Мото ГП шампионат, кој брои 18 трки. Следната сезона ќе започне нешто порано од вообичаеното, на 20.март, а во календарот по една деценија се враќа ГН на Австрија.
Од наредната сезона во календарот ќе ја нема Големата награда на Индијанаполис на легендарната патека „Индијанаполис Мотор Спидвеј“, на нејзино место се наоѓа ГН на Австрија.
Исто така ГН на Британија на „Силверстон“ е префрлена да се вози во средината на јули, додека првпат ГН на Холандија ќе се вози во недела.
Сезоната ќе започне на 20.март со трката за ГН на Катар, а ќе заврши на 6.ноември со трката за ГН на Валенсија.