Мото ГП: Бањаја ја освои ГН на Малезија
Италијанецот Франческо Бањаја (Дукати) победи на денешната трка за Големата награда на Малезија на патеката Сепанг и со тоа ги задржа шансите да ја одбрани титулата во класата Мото ГП пред последната трка од сезоната.
Бањаја стигна до својата 10. победа сезонава со 3.141 секунда предност пред второпласираниот Шпанец Хорхе Мартин (Дукати-Прамак), пролонгирајќи ја одлуката за овогодишниот светски шампион за последната трка.
Мартин и понатаму е со најголеми шанси за освојување на титулата бидејќи има 24 бодови повеќе од Бањаја.
Шпанецот може да ја загуби титулата само доколку во последната трка од сезоната победи Бањаја, а Мартин не освои повеќе од еден бод.
Сè уште не е познато каде ќе се вози последната трка сезонава, откако Големата награда на Валенсија, која требаше да биде домаќин на финалето, беше откажана поради катастрофалните поплави кои ја погодија шпанската покраина. Како најверојатна замена се споменува Барселона.
Ново на Сител
-
Променливо облачно време со услови за слаб локален дожд
-
Магла на планинскиот превој Буково
-
Светското првенство во 2034 година може да се одржи во јануари
-
Учество на министерот Муцунски на редовниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите - членки на НАТО
-
ОН загрижени за случувањата во Јужна Кореја
-
Во израелски напад убиен припадник на Хезболах, задолжен за врска со сириската војска
-
Зеленски: Украина тестираше нови ракети од сопствено производство
-
Осумдневен притвор за млад скопјанец кој се обидел да запали знаме