-->
-->
Мосул за еден ден го напуштиле 3.300 лица
-->
Ирачката Влада соопшти дека вчера регистрирала најголем број на бегалци кои го напуштиле Мосул во еден ден, од почетокот на офанзивата за потиснување на џихадистите од групата Исламска држава од градот.
- Од Мосул вчера избегаа 3.300 лица. Тие беа превезени до бегалски кампови, изјави денеска ирачкиот министер за мигранти и раселени лица Џасем Мохамед ал Џаф.
Битката на ирачките сили за преземање на Мосул, кој е во рацете на припадниците на ИД од пред две години, трае вече втора недела.
Од почетокот на офанзивата на 17 октомври од Мосул избегале 8.940 лица, покажуваат податоците на Обединетите нации.
Според различни извори во градот има меѓу три и пет илјади борци на ИД.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДУИ со стара реторика – Ќе го бранат албанскиот јазик со сите можни механизми
-
ДЗС: 3,5% инфлација во 2024 година
-
Штрајк на вработените во државното правобранителство
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Очекувам добри економски резултати
-
Охрид привлечен за посетителите
-
Текстилната индустрија зависи од странските партнери
-
Преглед на вестите од светот